spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски на настан по повод моември-месец на машкото здравје

Ѓорче Петров: Стојкоски на настан по повод моември-месец на машкото здравје

ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна нега – 13 Ноември, Ѓорче Петров ја одбележа светската кампања по повод месец ноември или моември како „месец на машко здравје“.

На самиот настан на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Ѓорче Петров,  Александар Стојкоски, во рамки на специјалистичко-консултативните амбуланти се одржа бесплатен преглед на УГС и простата со утразвук од страна на вработен доктор специјалист по интерна медицина примариус д-р Марика Филипова и спец.д-р Виктор Станков –уролог од Универзитетска Клиника за урологија- Скопје.

Беа поставени и штандови од едукативен и информативен карактер за подигање на свеста, особено кај целната група на потенцијални пациенти и тоа мажи над 50 години за превенција и рано откривање на карцином на простата, како најчест застапуван карцином кај мажите.

На настанот беа присутни и проф.д-р Никола Пановски и заменик-министерот за здравство доц.д-р Владимир Рендевски.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте