spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Честитки до новото раководство на Државниот универзитет во Тетово, да продолжат...

МОН: Честитки до новото раководство на Државниот универзитет во Тетово, да продолжат со успешната едукација на квалитетни кадри

Да продолжат со развојот и издигнувањето на Државниот универзитет во Тетово им посака Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на новоизбраниот ректор проф. д-р Куштрим Ахмети и на претседателот на Сенатот на Универзитетот проф. д-р Вулнет Амети, на средбата во Министерството за образование и наука, на која присуствуваше и генералниот секретар Адем Беадини.

„Тетовскиот универзитет е прва  формирана  високообразовна установа каде наставата се изведува на албански јазик, а со своето речиси тридецениско работење успеа да се етаблира како  еден од столбовите на високото образование во земјата. Верувам дека новото раководство ќе продолжи со ентузијамот во академското издигнување генерации студенти, кои потоа ќе придонесуваат во развојот на државата и ќе бидат носители на просперитет и благосостојба“, рече министерот Шаќири.

На средбата беа разменети мислења за повеќе прашања, меѓу кои и за научно-истражувачките проекти кои се реализираат на Универзитетот. За барањата за унапредувања на наставниот и другиот кадар, министерот Шаќири посочи дека се разгледуваат можностите со Министерството за финансии и дека таму каде што има издржани барања има можности за реализација. Во врска со вклучувањето во наставниот процес на докторите од Тетовската клиника, изнајден е модалитет и истото прашање во скоро време треба да се реши.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...