HomeВладаКонстатирана успешна соработка во областа на образовните политики

Констатирана успешна соработка во областа на образовните политики

spot_img
spot_img

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска завчера во Владата оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

Од страна на ДиЏовани беше изразено задоволство од соработката со Кабинетот за политики за добро владеење, и благодарност за отвореноста на вицепремиерката Грковска.

Таа го поздрави учеството на сите говорници на состанокот одржан минатиот месец во Владата, на кој се разговараше за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование и констатираше дека сите прецизно се држеле до темата на дискусија.

Се отвори и прашањето за тоа како ќе изгледа образовниот систем на глобално ниво во иднината. Беше констатирано дека динамиката со која се движи светот и иновациите неминовно ќе го променат ликот на образованието. Тенденцијата е за поголема вклученост на сите чинители во образованиот систем, поголема отчетност од институциите, како и поголема вклученост од учениците во пријавувањето на потенцијални неправилности.

На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу двете институции и беше оставена отворена врата за понатамошна соработка.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија