HomeВладаВицепремиерот Битиќи ги презентираше инвестициските можности на земјава пред група бизнисмени од...

Вицепремиерот Битиќи ги презентираше инвестициските можности на земјава пред група бизнисмени од Турција

spot_img
spot_img

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи завчера одржа средба со група од десетина бизнисмени и инвеститори од бизнис асоцијацијата Румелисијад од Бурса, Република Турција.

На средбата која се одржа во организација на Македонско – турската стопанска комора (МАТТО), претставници од кабинетот на Битиќи, заедно со претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, пред турските инвеститори одржаа и економска презентација во која ги претставија инвестициските можности во земјава, но и дадоа одговор на прашањата и дилемите кои инвеститорите ги имаа за конкретни сектори и потенцијали.

Во своето обраќање пред турската инвеститорска делегација, вицепремиерот Битиќи истакна дека Република Северна Македонија нуди исклучително атрактивен пакет за поддршка на инвестициите и дека за определени дејности како што се преработувачкиот сектор, ИКТ и производството на храна – компаниите можат да добијат поддршка и до 50% од вкупните инвестиции во основни средства.

Битиќи ги потенцираше традиционално добрите економски и политички односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција, напоменувајќи дека во земјава постојат и успешно работат десетици турски компании и дека токму тие се вистинскиот гарант кој треба да им влева сигурност во носењето на одлуката да ја изберат Северна Македонија за нивниот следен инвестициски циклус.

За време на посетата на земјава, турските инвеститори ќе имаат и организирана посета во Технолошко-инвестициската развојна зона каде што ќе се запознаат со условите и поволностите кои им стојат на располагање доколку својата инвестиција ја реализираат во некоја од ТИРЗ зоните.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија