spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Успешните младински политики на дело – „Гаранција за млади“ ги надмина...

МТСП: Успешните младински политики на дело – „Гаранција за млади“ ги надмина поставените цели

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на регионална конференција со фокус на младите насловена „Гаранција за млади“, организирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и поддршка од меѓународните организации.

Министерката Тренчевска во своето обраќање  ги истакна заложбите на Владата и Министерството за труд и социјална политика во обезбедувањето на услови и можности за напредок на младите во својата држава. Во таа насока таа ја потенцираше и успешност на мерката Гаранција за млади, која ги надмина и поставените цели.

„Нашата држава е прва земја од земјите на Западен Балкан кои ја воведоа и применија Гаранцијата за млади. Ја исполнивме поставената цел, а тоа беше Гаранцијата за млади да се смета за успешна доколку најмалку 30% од вклучените лица, успешно излезат од истата во периодот 4 месеци, односно да бидат вработени, повторно вклучени во образовниот процес или да бидат вклучени во активни програми и мерки за вработување,“ истакна Тренчевска.

Во 2021 година од вкупниот број на лица кои влегле во процесот на Гаранција за млади (19.322), 8064 млади лица до 29 години или 41% се вработиле или се стекнале со вештини со кои ја подобриле нивната вработливост и станале конкурентки на пазарот на трудот.

„Процентот на успешност од 41% е далеку од предвидениот од 30%. Затоа и  во 2022 година продолживме  со имплементацијата на Планот за Гаранција за млади. Фактот дека заклучно со прва половина на јули 2022 година од вкупниот број на лица кои влегле во процесот на Гаранција за млади (8840) млади лица до 29 години 3754 лица или 42% се вработиле односно се вклучиле во некоја од мерките за вработување, покажува дека годинава ќе го надминеме минатогодишниот процент, што не прави особено горди на одлуката за воведувањето на Гаранцијата за млади,“ потенцираше Тренчевска.

Таа зборуваше и за Законот за практикантство кој дава уште една законска рамка за подобрување на вработливоста на младите луѓе. Практиканството, како  работна активност која трае од 1 до 6 месеци вклучува компонента на работа преку учење и здобивање на практични работни вештини и има за цел стекнување на практично и професионално искуство, за да се подобри вработливоста и да се помогне преминот кон редовно вработување. Практиканството ги опфаќа младите до 34 годишна возраст.

Владата на Република Северна Македонија односно Министерството за труд и социјална политика се свесни за новите потреби на пазарот на трудот и се интервенираат така што овозможуваат спроведување на мерки за обуки за напредни ИТ вештини во рамките на годишните Оперативни планови за вработување.

Министерката информираше за оваа година се планирани обуки  за напредни ИТ вештини за 424  невработени лица со што се овозможува на невработените лица да се стекнат со знаења за кои постои и ќе постои и во иднина, голема потреба на пазарот на трудот  не само во Република Северна Македонија туку и на светско ниво.

„Министерството за труд и социјална политика, веќе подолго време работи на новиот Закон за работни односи, во кој користејќи го искуството и предизвиците кои ни ги наметна пандемијата, сериозно пристапивме за работата од далечина и работата од дома,“ рече Тренчевска.

Министерката порача дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи посветено да работи на зголемување на вработеноста и вработливоста на младите со креирање на механизми за подобрување на нивните знаења и вештини, заради поголема конкурентност на пазарот на трудот.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...