spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСилна поддршка од Луксембург за ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, потребно е...

Силна поддршка од Луксембург за ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, потребно е зајакнување на економската размена

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во Тирана, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан се сретна со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка меѓу двете земји, како и планови во насока на зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји во претстојниот период.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за досегашната поддршка и партнерство на Луксембург со Северна Македонија во НАТО, ООН и ОБСЕ, како и во евроинтеграциските процеси.

„Гледаме на Луксембург како на пријател кој ја вокализира својата поддршка во постигнување на нашите стратешки цели. Луксембург има посебно значење во остварување на нашите европски соништа-потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација кој се случи во Луксембург во 2001 година. Ние сме многу благодарни за постојаната вокална поддршка од страна на Луксембург и за препознавањето на напорите на Македонија во смисла на ЕУ интеграцијата, што ни дава оптимизам и сила да продолжиме со напорната работа на ЕУ реформската агенда“, истакна премиерот Ковачевски, осврнувајќи се на досегашните билатерални средби. Премиерот Ковачевски го покани премиерот Бетел да ја посети Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на целосната техничка поддршка од страна на Луксембург како и за отворање на Виза центарот во Министерството за надворешни работи, со што Северна Македонија стана лидер во визната либерализација во 2008 година.

Фокус на средбата беше и зајакнувањето на парламентарната соработка, а се нагласи и потребата од засилување на економската размена.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...