spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДобрососедските односи со Грција носат значителни придобивки за двете земји

Добрососедските односи со Грција носат значителни придобивки за двете земји

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, на која и посака добредојде во нашата земја и успех во новиот мандат.

На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи ја поздрави одлуката на судот на Грција за отворање на Центарот за македонски јазик во Република Грција, потенцирајќи ги добрите соседски односи кои веќе носат значителни придобивки за двете земји.

Амбасадорката Филипиду искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.

На состанокот вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Северна Македонија но и целиот регион.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...