spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на работна средба во Брисел

МИОА: Министерот Алити на работна средба во Брисел

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во рамки на скрининг-процесот, во Брисел имаше средба со претставниците на Европската комисија.

На оваа средба се разгледа реформите во јавната администрација како еден од клучните приоритети на Владата, при што министерот Алити истакна дека интензивно работиме за да овозможиме деполитизирана, компетентна, ефикасна, отчетна и транспарентна јавна администрација, која ќе обезбедува квалитетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата.

 

“ Информирав за напорите на МИОА на овој план и за моменталната состојба во составот и работењето на државната администрација.

 

Разговаравме и за релевантните закони од областа на дигитализацијата, како општа основа за практична имплементација на ИКТ решенијата, кои овозможуваат поедноставни и побрзи административни процедури, но во исто време обезбедуваат ефективен систем во електронските услуги, кој исполнува и е во согласност со Европски стандарди и законодавства.”, кажа меѓу другото министерот Алити.

Северна Македонија има јасна цел и е целосно ангажирана и ги користи сите капацитети кои ги катализираат и обезбедуваат предусловите за интеграција во Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте