spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Односите меѓу Северна Македонија и Грција, пример за добри соседи

МНР: Односите меѓу Северна Македонија и Грција, пример за добри соседи

Во рамки на неговата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас.

На средбата, министрите изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во бројни сфери и проекти од заемен интерес, како и перспективата на нивното натамошно унапредување, на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Се разговараше за договорот од Преспа и неговото позитивно влијание врз севкупните односи и соработка меѓу двете држави.

“Навистина сум задоволен што односите меѓу Северна Македонија и Грција се вистински пример за добри соседи и пример како да се изгради стабилно и долгорочно пријателство засновано на меѓусебна доверба и почит. Имаме договор за стратешко партнерство, чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи” истакна Османи, додавајќи дека растот на трговската размена меѓу двете држави за 100%, е најдобар показател за новото поглавје на билатералните односи, што го овозможи потпишувањето на договорот.

Османи упати благодарност за поддршката на Грција во евроинтегративниот процес на Северна Македонија, која оваа година ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Се разговараше за соработката во рамките на НАТО и регионалните иницијативи, а во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската повелба, Процесот за соработка во Југо-источна Европа и ОБСЕ, во текот на 2023 година. Фокусот во овој дел беше токму врз соработката за време на нашето претседавање со ОБСЕ,  а во насока на обезбедување на траен мир, стабилност и просперитет во регионот и пошироко.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...