spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Потпишан договор со ЦРСПР за изградба на нова детска градинка

Петровец: Потпишан договор со ЦРСПР за изградба на нова детска градинка

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски потпиша договор со Центарот за развој на Скопски плански регион за изградба на Детска градинка клон на ЈОУДГ „Авионче“ Петровец со сензорна соба.

Финансиските средства за овој проект во износ од 6.000.000,00 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, додека Општина Петровец за овој проект од својот буџет треба да издвои 4.447.911,00 денари.

Со изградбата на новата детска градинка која треба да прими оклу 75 дечиња, ќе се реши проблемот со недостиг на слободни места за прием на дечиња во оваа јавна установа.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...