spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Целосна реконструкција и асфалтирање на улици во Ржаничино и Ќојлија

Петровец: Целосна реконструкција и асфалтирање на улици во Ржаничино и Ќојлија

Општина Петровец изврши целосна реконструкција и асфалтирање на две локални улици во населено место Ржаничино, краци на ул.1 (К.П.888 и К.П.562/2, 562/8 и 562/12, К.О. Ржаничино) во вкупна должина од 251 метар и вкупна вредност од 1.961.258,00 денари.

Воедно, во населено место Ќолија целосно е реконструирана локалната улица која се наоѓа на К.П. 1367/3, К.О. Ќојлија во должина од 230 метри и вредност од 1.669.868,00 денари. Финансиските средства за реконструкција на гореспоменатите локални улици во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Во завршна фаза е асфалтирање на уште две улици во населено место Петровец. Градежните работи поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во периодот кој следи, додека временските услови го дозволуваат тоа.

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...