spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нова спортска опрема за гимнастика наменета за училиштата и градинката

Ѓорче Петров: Нова спортска опрема за гимнастика наменета за училиштата и градинката

 

Во соработка со Амбасадата на Република Бугарија, општина Ѓорче Петров обезбеди спортска опрема за гимнастика и спортски игри за сите основни училишта и градинката “Росица”.

Денеска во училишната спортска сала во ООУ “Тихомир Милошевски” првпат практично беше промовирана опремата од страна на учениците и наставниците по физичко образование.

-Големи се придобивките за дечињата кои правилно се насочени кон спортувањето и навременото им се всадува љубов кон спортот. Правилниот раст и развој, особено во ерата на 21-виот век, години на современа технологија и се поголемото влијание од социјалните мрежи ни е особено важен – рече градоначалникот Александар Стојкоски во своето обраќање.

Ова е наш начин, додаде, да им овозможиме на најмладите квалитетно спортување и добра спортска култура.

-На овој начин тие учат дисциплина, што е авторитет, што е победа, а што пораз, и како да се справат со истиот, но и да делат. Да бидат тимски играчи, генерално во животот. Да научат да функционираат во екипа, затоа што на долг рок, тоа ќе им даде добри резултати на секое поле – нагласи Стојкоски.

Градоначалникот упати и благодарност до Амбасадата на Република Бугарија, заменик-амбасадорот Петар Петров и претставници од Амбасадата за донацијата и нивното присуство на денешниот настан.

Општина Ѓорче Петров и натаму останува на страна на подобрување на образовниот систем и образовните алатки, преку вакви и слични чекори кои ќе донесат добробит за децата.

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте