Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ

ВладаЧовековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ

Најчитано

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права вели дека човековите права ќе бидат показател за подготвеноста на нашата земја за членство во ЕУ.

– Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во ЕУ, од почеток до крај на пристапните преговори, објави Маричиќ на својот фејсбук-профил.

Вицепремиерот посочи дека заштитата, промоцијата и почитувањето на човековите права се основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој, а Северна Македонија, како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мора да продолжи во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.

– Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени, наведе Маричиќ.

„Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ.

Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во ЕУ, од почеток до крај на пристапните преговори.

Меѓународниот ден на човековите права нè потсетува на нашата должност за нивна заштита, промоција и почитување, како основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој.

Како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мораме да продолжиме да дејствуваме во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.

Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда за нашата искрена намера секојдневно да ја подобруваме положбата на човековите права на сите граѓани, без разлика на нивните различности.

Воената агресија во Украина покажа дека и денес целите за зачувување, натамошно подобрување и почитување на човековите права повторно се исправени пред големи предизвици.

Затоа денес, кога на тлото на Европа се брани демократијата, слободата и владеењето на правото, повеќе од било кога треба да посветиме внимание на заштитата на човековите права и слободи, за да може да зборуваме за иднината и вистински напредок.

Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени!“, е пораката на вицепремиерот по повод Меѓународниот ден на човековите права, кој оваа година се одбележува под мотото „Достоинство, слобода и правда за сите“.

Меѓународниот ден на човековите права се слави на 10 декември, денот кога Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човекови права во 1948 година. Универзалната декларација за човекови права беше првиот правен документ за воспоставување на основните човекови права, кои треба да бидат универзално заштитени. Одбележувањето на овој датум е воведено во 1950 година на Генералното собрание на ОН.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе