spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ја продлабочуваме соработката меѓу двете држави во областите пазар на труд,...

МТСП: Ја продлабочуваме соработката меѓу двете држави во областите пазар на труд, социјална заштита и заштита од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска завчера оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, на која стана збор за досегашната воспоставена соработка и можностите за идна соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Во насока на досегашната соработка, Министерството за труд и социјална политика  и Министерството за социјална политика и млади на Република Хрватска веќе имаат склучен Меморандум за соработка во областа на социјалната политика. Започнат е и процес на усогласување на текст за меморандум со Министерството за труд и пензиски систем, кое во меѓувреме се трансформираше во Министерството за труд и пензиски систем, семејство и социјална политика.

Министерката Тренчевска изрази интерес за пренесување на хрватското искуство потребно за процесот на преговарање и формулирање на преговарачките позиции на нашата држава со Европската Унија за поглавје 2 Слободно движење на работници и поглавје 19 Вработување и социјална политика.

Хрватската амбасадорка Тигањ  изрази голема поддршка на Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ и воспоставување на потесна соработка помеѓу ресорните министерства на двете држави.

Соговорничките изразија подготвеност за воспоставување на продлабочена соработка и склучување на меморандуми за соработка и билатерални договори  за вработување на сезонски работници со што би се заштитиле правата на работниците на двете држави во насока на обезбедување на пристап до социјална заштита и заштита на правата кои произлегуваат од работен однос.

 

На средбата се разговараше и за размена на искуства помеѓу двете држави на прашањето за спречување и заштита од насилство врз жени.

Двете страни се согласија за продлабочување на соработката во областите пазар на труд, социјална заштита и заштита од насилство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...