МТСП: Заедно креираме квалитетни социјални политики од кои придобивка имаат сите граѓани

МинистерстваМТСП: Заедно креираме квалитетни социјални политики од кои придобивка имаат сите граѓани

Најчитано

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на завршниот настан на проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги”, проект финансиран од страна на Европската унија, а спроведуван од ЕПТИСА, за потребите на Министерство за труд и социјална политика. 

По тој повод тој истакна дека, тимот од Министерството за труд и социјална политика заедно со тимот на проектот изминативе три години вложи многу напори и енергија за воспоставување и унапредување на знаењата, компетенциите и практиките на сите засегнати страни во социјалната заштита. Од соработка и интензивна комуникација со донесувачите на одлуки, со креирање на процеси важни за остварување на социјалните услуги , се до зајакнување на вештините за практична примена на законската и подзаконските регулатива.

Со сите предизвици со кои се соочивме изминативе неколку години, рамо до рамо со колегите ги баравме решенијата и ги надминувавме пречките, во интерес на граѓаните, децата и нивните семејства, следејќи ги пропишаните чекори во националните документи. Во име на Министерството за труд и социјална политика, сакам да и се заблагодарам на Делегацијата на Европската Унија за поддршката со вакви и останати проекти кои навистина му помагаат на Министерството за труд и социјална политика во реализација на зацртаните стратешки и програмски цели, “истакна Хусејин.


Тој посочи дека, активностите во овој проект не би биле успешни без соработката со локалната самоуправа, давателите на социјални услуги и законодавната власт во застапување и нивна заложба во креирање на инклузивно и хумано општество за сите граѓани.

Социјалните политики би биле единствено сеопфатни само во заедничка соработка со локалните социјални политики. Па така, зајакнувањето на локалниот контекст и креирање на планови за социјална заштита е клучен елемент со предвидувањето и справувањето на социјалните ризици. Заедно со партнерите на локално ниво односно преку законскиот модел на лиценцирање на даватели на социјални услуги, со реформата се обидуваме да обезбедиме заштита за сите оние граѓани на кои им е потребна, преку градење на партнерски односи, истакна Хусејин.

Конкретни резултати од оваа соработка во рамки на проектот се креирањето на  подзаконските акти за социјалните услуги помош и нега и домот и лична асистенција , водич за лиценцирање на социјални услуги, архитектура и алатки за следење и оцена на социјалните услуги , локални социјални планови и конкретни и практични обуки за стручните лица.

Она што е креативно во оваа соработка е изготвениот филм “Беласица” заедно со давателот на услугара живеење со поддршка ПОРАК А – Неготино за позитивните резултати од социјалната реформа, особено за Националната стратегија за  деинституционализација “ Тимјаник” , чиј втор Акциски план беше изготвен во рамки на овој проект. Она што не очекува во следниот период е да се посветиме на градење на систем на следење и оцена на социјални услуги, проширување на мрежата на услугите и нивна достапност, зајакнување на работата на центри за социјална работа и сл, “ рече Хусејин.

Тој посочи дека следно е согласно Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 -2030 и акциски план, преземање на услугите кои се во фаза на воспоставување, зајакнување на локалниот контекст на социјалните услуги. Во делот на правната рамка исто така зајакнување на подзаконските постапки.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе