spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката со меѓународните организации е од особена важност во унапредување на...

МТСП: Соработката со меѓународните организации е од особена важност во унапредување на социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со директорката на мулти – државната канцеларија на UNOPS задолжена за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Украина, Михаела Телатин како и Советникот за поддршка во управување со проекти за канцеларијата на UNOPS во Скопје, Ванелин Рангелов. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на UNOPS.

 

„Во делокругот на она што го работиме како Министерство како еден од нашите идни приоритети е социјалното домување. Ние ја препознаваме важноста сите граѓани во државата да имаат нормални услови за живеење. Затоа во фокусот на нашите политики се секогаш ранливите категории на граѓани“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека министерството продолжува посветено да работи на развивање на социјалните услуги и детската заштита.

„Неуморно се залагаме за енергетски ефикасни градинки и економски независни, за таа цел поставуваме фотоволтаици на оние градинки на кои немаме веќе поставено. На овој начин придонесуваме во заштеда на електрична енергија како и можност за пренамена на средствата од буџетот на градинките за влог во објектите на градинките со цел подобри услови за дечињата. Особено е важно тоа што вложуваме и во панели за прочистување на воздухот со што директно влијаеме на зачувување на животната средина“ рече Тренчевска.

За време на средбата директорката, Михаела Телатин ја истакна важноста од соработката на UNOPS и Република Северна Македонија за интеграцијата во Европската Унија.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...