spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работилница во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”- Кисела Вода на тема „Корупција и...

ДКСК: Работилница во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”- Кисела Вода на тема „Корупција и интегритет“

Државна комисија за спречување на корупцијата , на 01 декември 2022 година, по повод патрониот празник на ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”- Кисела Вода,  одржа работилница за деца од 9-то одделение на тема – Корупција и интегритет.

Работилницата се одвиваше интерактивно преку отворање на дилеми и поставување прашања до учениците од страна на претседателката Билјана Ивановска и Сретен Рогов, професор по етика и граѓанско образование во училиштето и давање одговори од учениците по однос на темата, како своевидна евалуација на она што научиле од предавањето.

Државна комисија за спречување на корупцијата  цени дека јакнењето на свеста и знаењето на најмладите за штетноста на корупцијата и градење на младина со интегритет се од особена важност за иднината на нашата држава. Оттаму, Државната комисија  во континуитет ќе продолжи со антикорупциска едукација на учениците од основните училишта.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...