МИОА: Министерот Алити го презентираше Буџетот за 2023 година

МинистерстваМИОА: Министерот Алити го презентираше Буџетот за 2023 година

Најчитано

Министерот Адмирим Алити на вчерашната прес-конференција соопшти дека вкупниот Буџет на МИОА за 2023 година изнесува 1,580,029,000 денари. Средствата се наменети за трите буџетските столба кои се во надлежност на МИОА, односно дигитализацијата, администрацијата и медиумите.

Во првиот столб, опфатени се средствата планирани за плати и одржување на институцијата, планирајќи да се заштеди во наредната година, и од 426,829,000 денари, како што рече министерот, 300.000.000 денари се издвојуваат за субвенции за Националната Радио Телевизија.

„Еден значаен дел од средствата се планирани за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија, предлог од 900.000.000 денари. Овие  средства освен што ќе ги ослободат граѓаните од плаќање на понудените услуги за аудио визуелни медиумски услуги, ќе понудат и можност за понезависна работа на овие институции.

Во однос на дигитализацијата, која е во тесна корелација со реформите во администрацијата, од двата државни столба предложени и планирани се вкупно 239,405,000 денари, за континуитет на проектите во кои меѓу другото се опфатени софтверски и хардверски елементи и лиценци, дигитализацијата на услугите на институциите за порталот и тој на DMS( Електронски систем за управување со документи).

„Последново е многу важно за брза и електронска комуникација на институциите, со што се елиминира бирократијата и корупцијата и се овозможува поефикасна работа на институциите. Не сме ја заборавиле ни софтверската и хардверската поддршка за Централниот регистар на население како и продолжувањето на поддршката за проектите на ИКТ преку обезбедување на потребните лиценци. Исто така, планирани се средства за договорите поврзани со дигитализацијата кои произлегуваат од иницијативата „Оpen Balkan“, а врз основа на безбедноста на системите на МИОА, планираме и проширување на инфраструктурата и лиценците за централно решение „Backup“. Планираме исто така да се централизира во нашата институција обезбедувањето на лиценците „Oracle“ за 11 институции кои ги користат истите, и преку тоа ќе се овозможува сериозно штедење на државниот буџет во овој кризен период“, рече министерот Алити.

Друг дел од буџетските столбови се и средствата планирани за МАРнет, и што опфаќаат 13,795.000 денари. Во планираните средства, рече министерот, е и продолжување на учеството во Регионалната школа за јавна администрација (RеSPA), како и учество во програмата Дигитална Европа преку MИОА, за дигитална трансформација со што посочи министерот, нашата држава ќе забележи сериозни чекори во областа на дигитализацијата.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе