МНР: “Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина”

МинистерстваМНР: “Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата...

Најчитано

Во коорганизација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа форум на тема “Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина”.

На настанот свои обраќања имаа министерот за надворешни работи. Бујар Османи и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.

Османи во своето излагање се осврна на актуелните политички и безбедносни предизвици во регионот и пошироко, посебно околу Украинската криза, но и кон другите поважни прашања кои имаат непосредно влијание и го загрозуваат светскиот мир, безбедност и стабилност.

“Во ова неизвесно и комплексно време за нас од особена важност е навремено да ги лоцираме можните безбедносни предизвици и закани и да вложиме максимален напор во насока на барањето на брзи, квалитетни и ефикасни решенија, како и да ги обезбедиме сите потребни механизми и средства за  соодветна и навремена заштита на независноста, суверенитетот, интегритетот, безбедноста и другите суштински вредности на нашата држава и нејзините граѓани,” истакна Осмaни.

Воедно, Министерот ги истакна и актуелните меѓународни политички и безбедносни предизвици кои се поврзани со информатичката безбедност и порастот на сајбер криминалот, недоволната решителност во имплементацијата на договорените активности и мерки во борбата со климатските промени и одржливиот развој, анемичната промоција на политиките за почитување на човековите права и слободи, родовата еднаквост, слободата на изразување и останатите фундаментални права.

Османи истовремено ја потврди силната подготвеност за почеток на нашето претседавање со ОБСЕ, ПСИЈЕ и А5 (САД-Јадранска повелба), интензивирање на процесот на пристапни преговори со ЕУ и градење на добри билатерални, регионални и мултилатерални односи, а кои во целина ќе влијаат позитивно во насока на целосно исполнување на надворешно политичките приоритети на земјата.

Во фокусот на овој форум исто така беше и побрзото, транспарентно и квалитетно дефинирање и донесување на сеопфатна Стратегија за надворешна политика “Рефлексија 2030”.

Со свои видувања, размислувања и ставови активно се вклучија и членовите на Стратешкиот совет на Министерството, како и професори и студенти од Филозофскиот факултет.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе