spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: ОУ „Рилиндија“ во Лојане ќе добие модерна спортска сала, за капитални...

МОН: ОУ „Рилиндија“ во Лојане ќе добие модерна спортска сала, за капитални инвестиции во 2023 планирани 8,9% повеќе од оваа година

Министерството за образование и наука продолжува со засилено темпо да инвестира во образовната инфраструктура, со цел да им овозможиме на децата и младите подобри услови за едукација и спортски активности, а наставниците и стручниот кадар да добијат подобри услови за работа. Во Буџетот на МОН за 2023 година имаме 18,3 милиони евра за оваа намена, што е за 8,9% повеќе средства од тековната година. Дел од овие средства ќе ги насочиме кон општина Липково, за што разговарав со градоначалникот Еркан Арифи, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата.

Ученици од Лојане и Ваксинце, преку проект 145 сали, во ОУ „Рилиндија“ во Лојане, ќе добијат модерна спортска сала, каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување, но ќе можат да се организираат и други спортски и рекреативни активности.  Министерот информираше дека ова не е единствената инфраструктурна активност во кумановскиот регион.

Меѓу другото, се разгледува можноста за партерно уредување на ОУ „Антон Захо Чајупи“ во Отља како и на реконструираното училиште „Дитурија“ во Липково.

Владата и МОН континуирано и подеднакво инвестираат во сите региони и општини во државата, затоа што грижата за подмладокот на оваа држава е грижа за нејзината иднина.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...