МОН: Шаќири и студентите денеска дискутираат за надградување на законот за субвенциониран студентски оброк

МинистерстваМОН: Шаќири и студентите денеска дискутираат за надградување на законот за субвенциониран...

Најчитано

Мерката субвенциониран студентски оброк не само што ќе биде достапна и во иднина, туку во меѓувреме законското решение ќе го унапредиме согласно потребите и барањата на оние за кои се однесува. Дадовме ветување и токму денеска на средба со студентите презентираме предлог измени кои ги подготвивме и јас очекувам од нив, да дадат дополнителни сугестии за да дојдеме до решението кое ќе биде најправедно и вистинска поддршка при студирањето.

Ова го истакна министерот за образование и наука кој денеска во Собранието на Република Северна Македонија е на средба со претставници на студентските организации и здруженија на која се дискутира за подобрување на законското решение кое предвидува доделување на средства за субвенциониран студентски оброк.

Измените, како што образложи Шаќири, се однесуваат на повеќе сегменти на законот.

Студентите ова право ќе го користат од понеделник до петок, без ограничување на часовите. Исклучок е периодот од 1 јули до 14 септември кога корисниците немаат право на добивање паричен надоместок, како и во неработните денови и државни празници. Дополнително, се предлага непотрошените дневни средства да не се префрлаат за трошење следниот ден.

Во иднина посебно одделение во МОН ќе работи исклучиво на прибирање и обработка на податоците и на остварувањето на правото на субвенциониран студентски оброк. Понатаму, ќе се дефинираат носителите на платен промет, односно тоа се банките со кои МОН ќе склучи нефинансиски договори за обезбедување соодветен број на картички за користење на субвенциониран студентски оброк и нивна персонализација, додека сметките на студентите би се воделе без надомест, а провизијата за трансакциите ќе ја плаќаат трговците.

Како даватели на услуги, се одредуваат исклучиво правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и се регистрирани во мрежата за трговци со соодветен код и истите ќе бидат евидентирани во регистар кој ќе го води МОН, а ќе биде јавно објавен на веб страницата на министерството и ќе се ажурира на месечно ниво.

Шаќири очекува конструктивни предлози од студентите до утврдување на најдобрата верзија на законот и со тоа, како што рече, министерството заедно со Владата само уште повеќе ја проширува праксата на заедничка соработка во креирањето на политиките.

Тој потенцираше дека и во услови на криза, потребите на студентите остануваат врвен приоритет на министерството и дека токму денеска се реализира исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк на сите студенти кои аплицирале и ги исполниле критериумите согласно постојното законско решение. Тие ќе добијат средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе