spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Од денеска во тек е постапка за регистрација на ЗГО -...

МЗШВ: Од денеска во тек е постапка за регистрација на ЗГО – Заштитена географска ознака „МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛКА ПРАМЕНКА“

Почитувани,

 

Врз онсова на член 148 став 6 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека во тек е постапка за регистрација на ЗГО – Заштитена географска ознака „ МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛКА ПРАМЕНКА “, а врз основа на поднесено барање од страна на земјоделската задруга Здужение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци ,,ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА“.

 

Елаборатот на производот за кој се бара заштита на географскиот назив „ МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛКА ПРАМЕНКА “ и кој ги содржи сите податоци за основаноста на заштитата, може да се преземе од веб страната на Министерството.

 

Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има некаков правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објава на ова соопштение.

 

 

Документи за превземање

Елаборат

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...