Во услови на најголема светска криза обезбедуваме социјални станови за најранливите граѓани

ВладаВо услови на најголема светска криза обезбедуваме социјални станови за најранливите граѓани

Најчитано

„Денес 20 фамилии во Пробиштип, добиваат нов дом. Споделената радост се зголемува и затоа сме  тука заедно со Соња, Ласто, Марина, Фросина, Никола, Јован, Симона и семејствата на сите други кои денес ги добија клучевите од својот нов дом. Тука сме за да им посакаме среќа, на големиот празник за оние кои го празнуваат Свети Никола, да започнат посветло секојдневие исполнето со љубов и со разбирање“, рече премиерот Димитар Ковачевски на завчерашниот доделување на клучевите на новите домови на семејствата од социјално ранливите категории.

Ковачевски истакна дека голем број  наши сограѓани со Програмата за ранливите категории на граѓани ќе живеат во современи услови кои досега, за жал, ги немале.

„Тоа се наши граѓани, наши соседи, кои заслужуваат да имаат топол дом. Имав можност да поразговарам со семејствата и горд сум кога имаме ваков придонес, кога имаме опиплив резултат од посветената работа на институциите во служба на граѓаните. На овој начин се демонстрира грижа и поддршка на сите оние на кои им е потребна. Ова се важни капитални проекти, бидејќи со нив го враќаме достоинството на социјално ранливите граѓани, овозможуваме да имаат пристоен живот и стабилно домување. Владата заедно со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни институции, особено значење дадоа на социјално – станбената политика. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба вкупно 864 станбени единици односно социјални станови и тоа е навистина за пофалба. За споредба, од 2011 до 2017 година биле изградени 678 стана. Овие социјални станови се дом на оние на кои најмногу им треба помош: на деца без родители, лица со попреченост, граѓани кои користат гарантирана минимална помош, самохрани родители припадници на сите заедници, припадници и на македонската заедница и на ромската заедница и на сите заедници бидејќи социјалната загрозеност не бира, меѓутоа и ние кои сме задолжени да помагаме не смееме да бираме, не бираме и нема да бираме на кого помагаме. Ќе помагаме како што денес помагаме на сите без исклучок. За следната година во Буџетот предвидени се 2,2 милиони евра за изградба на социјалните станови. Покрај тука во Пробиштип, само оваа година завршени со градба и распределени се становите во Гостивар, Виница, Струмица, а до крајот на годината ќе заврши распределбата и во Свети Николе, а следната година ќе бидат во Бутел, Велес, Пехчево, Сарај и Кочани. Внимаваме становите да се наоѓаат низ целата држава за да обезбедиме порамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард“, рече Ковачевски и посочи дека Банката за развој при Советот на Европа е подготвена за потпишување нов проект за изградба на нови дополнителни згради.

Министерот за труд и социјална политика Благој Бочварски истакна дека обезбедувањето на достоинствени услови за живот се прашања за кои нема дебата.

“Секој еден граѓанин заслужува дом, кров над глава и подобри услови за живеење, особено сега во овие тешки времиња. Ова е наша задача и еве денеска во Пробиштип тоа го потврдуваме. Драго ми е кога ќе видиме вака задоволни граѓани, на кои сме им го решиле станбеното прашање. Семејствата од социјален ризик кои се најдоа на конечната ранг листа исполнувајќи ги сите услови предвидени во јавниот повик за распределба на ова социјална зграда, денеска  ги добија клучевите од својот нов дом. Посебно е чувството кога некому подаваш рака, помагаш кога тоа е најпотребно, а ние се обидуваме токму тоа и да го правиме, да помогнеме на сите граѓани, да им дадеме поддршка, полесно да ги надминат предизвиците пред кои се исправени“, изјави Бочварски.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, Зоран Ѓоргијев рече дека колективната, станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Пробиштип е со вкупна површина од 2.700 м2, П+4 со 2 влеза, располага со 48 еднособни станбени единци, со површина од 35 – 45м2, од кои 2 се прилагодени за лица со телесен инвалидитет, 48 подруми и 12 паркинг места.

„Вкупната инвестиција на објектот е отприлика 70.000.000,00 денари. Предадена е од страна на изведувачот во декември 2021 година. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје кон средината на 2023 година ќе ги заврши зградите од овој тип во Скопје – Бутел, Велес, Дебар, Кочани (ламела 3), а во текот на следниот месец очекуваме и комплетирање на документацијата на изградените објекти и во Демир Капија и Неготино“, изјави Ѓоргијев.


Изјава за медиуми на премиерот Ковачевски на доделување на социјални станови во Пробиштип

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, присуствуваа на настан по повод доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип преку Програмата за ранливите категории на граѓани.
Премиерот Ковачевски во изјавата за медиумите истакна дека голем број  наши сограѓани со Програмата за ранливите категории на граѓани ќе живеат во современи услови кои досега, за жал, ги немале.
Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целина:
„Почитуван министер за транспорт и врски Благој Бочварски,
Почитуван градоначалник на Пробиштип Драган Атанасов,
Почитуван директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, Зоран Ѓоргијев,
Почитувани присутни, претставници на семејствата кои ги склучија договорите и кои од денес и официјално влегуваат во своите нови домови,
Почитувани претставници на медиумите и почитувани граѓани,
Денес 20 фамилии во Пробиштип, добиваат нов дом.
Голем број на наши сограѓани со Програмата за ранливите категории на граѓани ќе живеат во современи услови кои досега, за жал, ги немале. Тоа се наши граѓани, наши соседи, кои заслужуваат да имаат топол дом.

Комисијата за прераспределба на социјални станови, по извршениот теренски увид кај семејствата, ја објави конечната листа на добитници и навистина ми е драго што денес семејствата добија клучеви од своите нови домови.
Споделената радост се зголемува и затоа сме денес тука заедно со Соња, Ласто, Марина, Фросина, Никола, Јован, Симона и семејствата на сите други кои денес ги добија клучевите од својот нов дом. Тука сме за да им посакаме среќа, на денешниот голем празник за оние кои го празнуваат Свети Никола, да започнат посветло секојдневие исполнето со љубов и со разбирање.
Имав можност да поразговарам со семејствата  и горд сум кога имаме ваков придонес, кога имаме опиплив резултат од посветената работа на институциите во служба на граѓаните.

Сите без исклучок семејства кои ги добија денес клучевите кажаа дека ова за нив е најрадосниот ден во нивниот живот и гледајќи ги вака радосни и среќни, можам да кажам дека ова и за мене е еден најрадосните денови во мојот живот. Толку насмеани лица на ваков сончев ден на Свети Никола во месец декември навистина е реткост, јас се надевам дека уште вакви сончеви денови во ова кризно време ќе имаме кои ќе можеме заедно да ги прославуваме.
На овој начин се демонстрира грижа и поддршка на сите оние на кои им е потребна.  Јас често велам дека никој нема да биде оставен сам, и тоа навистина и го мислам и го спроведувам на дело. Овие станови од денес ќе бидат полни и топли домови и тоа ме прави навистина среќен.
Ова се важни капитални проекти, бидејќи со нив го враќаме достоинството на социјално ранливите граѓани, овозможуваме да имаат пристоен живот и стабилно домување.
Но пред се, во својот дом да го планираат и своето семејство и да ја планираат иднината и на себе и на своите деца.
Владата заедно со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни институции, особено значење дадоа на социјално – станбената политика. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба вкупно 864 станбени единици односно социјални станови и тоа е навистина за пофалба. За споредба од 2011 до 2017 година биле изградени 678 стана.

Во оваа прилика би сакал да напоменам дека интензивната динамика на градба се должи на заедничките напори на Владата, Министерството за транспорт и врски и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор. Целиме да им дадеме поддршка на ранливите заедници и да им обезбедиме подобар квалитет на живот. Да им ја обезбедиме потребната сигурност и да им го олесниме животот и справувањето со предизвиците.
Овие социјални станови се дом на оние на кои најмногу им треба помош: на деца без родители, лица со попреченост, граѓани кои користат гарантирана минимална помош, самохрани родители припадници на сите заедници, припадници и на македонската заедница и на ромската заедница и на сите заедници бидејќи социјалната загрозеност не бира, меѓутоа и ние кои сме задолжени да помагаме не смееме да бираме, не бираме и нема да бираме на кого помагаме. Ќе помагаме како што денес помагаме на сите без исклучок.

Постапките за распределба на становите, во сите општини каде се градат, започнуваат веднаш по завршување на зградата.
За следна година во Буџетот предвидени се 2,2 милиони евра за изградба на социјалните станови. Покрај тука во Пробиштип, само оваа година се завршени со градба и распределени становите во Гостивар, Виница, Струмица, а до крајот на годината ќе заврши распределбата и во Свети Николе, а следната година ќе бидат во Бутел, Велес, Пехчево, Сарај и Кочани.  Внимаваме становите да се наоѓаат низ целата држава за да обезбедиме порамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард. Грижата за граѓаните да имаат соодветно домување не запира тука. Во оваа насока, би сакал да напоменам дека Банката за развој при Советот на Европа е подготвена за потпишување нов проект за изградба на нови дополнителни згради.
Она што секогаш ќе биде еден од приоритетите на оваа Влада е создавањето услови сите граѓани да уживаат еднакви права и  можности. Работиме посветено за да обезбедиме социјална инклузија и секако, подобар квалитет на живот за сите. И во оваа најголема енергетска и економска криза тоа и го правиме и ќе продолжиме да го правиме, затоа што, кога се сака, сѐ се може и нема недостижна цел“.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе