МЖСПП: Оџаклиеска на свеченост по повод 75 години од основање на Факултетот за шумарски науки

МинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на свеченост по повод 75 години од основање на Факултетот...

Најчитано

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска вчера присуствуваше на свечената академија по повод 75 години од основање на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Оџаклиеска на свеченост по повод 75 години од основање на Факултетот за шумарски

Министерството за животна средина и просторно планирање, има воспоставено исклучително добра соработка со Факултетот за шумарски науки, чија експертиза е од големо значење за креирањето на политиките за заштита на животната средина и природата, донесувањето на законските решенија и изработката и донесувањето на стратешките и планските документи. Со посредство и поддршка од стручниот кадар од оваа институција беа спроведени серија важни проекти: Шар Планина беше прогласена за Национален парк, се изработи карта на ерозија и вегетациска карта, беше изработена Стратегијата за биолошка разновидност и Стратегијата за природа, Долгорочната Стратегија за климатска акција, Акцискиот план за борба против опустинувањето и многу други проекти од заеднички интерес.

 

Соработката продолжува и при преземање на конкретни чекори за санација на штетите од поплавите и при организирање на акции за пошумување.

На настанот беше промовирано најновото видео изготвено по повод јубилејот 75 години постоење на УКИМ ХЕФ и Монографијата „75 години Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем (1947-2022)“.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе