spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Алиу - Максимално се залагаме да го подобриме квалитетот на образованието

МОН: Алиу – Максимално се залагаме да го подобриме квалитетот на образованието

Водејќи се од начелото за подобар образовен систем, сите ние како директно вклучени во креирањето на наставен кадар во наставничките факултети и во другите образовни институции максимално се залагаме да го подобриме квалитетот на образованието во сите нивоа.

Ова истакна заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу на научната трибина „Актуелните предизвици и можности за обезбедување квалитет во образованието на идните одделенски наставници, воспитувачи, библиотекари“, во организација на Педагошкиот Факултет „Св. Климент Охридски“- Скопје.

– МОН постојано се залага да се подобри квалитетот на  образованието преку наставните програми и содржини, преку обезбедување на квалитетни учебници и наставни помагала, како и подобрување на стандардот на наставниците преку зголемување на нивните примања и обезбедување на дополнителни услови за наивната работа, како што беше и последното зголемување за 15% за наставниците, но и 10% за професорите во високото образование, изјави Алиу, додавајќи дека секоја година од Буџетот на МОН се обезбедуваат средства за проекти и активности од научната област и високообразовните институции.

Проектите, потенцираше заменик министерот, кои се реализираат од страна на факултетот и на професорите се од големо значење и истите придонесуваат во јакнењето на наставничките компетенции и вештини, било тоа да е со редовните студенти или со наставниците кои веќе се вклучени во образовниот процес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...