spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Преку размена на позитивни пракси во регионот до унапредување на социјалната...

МТСП: Преку размена на позитивни пракси во регионот до унапредување на социјалната и детската заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија на чело со Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев во Република Хрватска  оствари протоколарна средба со Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика во Република Хрватска, Марин Пилетич и со членови на неговиот кабинет.

На средбата се разговараше за Европскиот пат на Република Северна Македонија како и процесот на преговори.

Во дискусијата беше искажана отвореноста за соработка и од страна на Министерот Пилетич беше истакнато дека Министерството за труд и социјална политика ја има нивната поддршка на располагање со посебен акцент на трудовите политики и уредување на протоколот за размена на работници. Тој истакна дека во текот на 2022 година се издадени 9000 дозволи за работа на Македонски државјани во Република Хрватска.

Исто така беше посочено дека фокусот на следната интензивна соработка меѓу двете министерства ќе биде насочено кон позитивните примери во делот на социјалната заштита.

 

Тренчевска истакна дека менторството кое може да го понуди Република Хрватска, можноста за воведување на нови услуги во системот за социјална заштита, разменувањето на позитивни искуства преку искористување на европските фондови кои се достапни за РСМ се следните активности кои ќе овозможат почести средби во иднина.

За време на средбата деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев истакна дека ресурсите на Филозофскиот факултет се на располагање за идната соработка и дека тоа ќе биде одлична можност за унапредување на системот за пензиско и инвалидско осигурување како и за реализација на идни проекти.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...