spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаТрет состанок на Работниот комитет за евроинтеграции

Трет состанок на Работниот комитет за евроинтеграции

Во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија се одржа третиот состанок по ред на Работниот комитет за европска интеграција – РКЕИ, со кој претседаваше Државната секретарка и заменик главен преговарач со ЕУ, г-ѓа Дрита Абдиу.-Халили.

На средбата Абдиу-Халили информираше за статусот на евроинтеграциските преговори и текот на скрининг процесот меѓу нашата земја и Европската комисија. Се констатира дека успешно е завршен објаснувачкиот и билатералниот скрининг за Кластер 1 – „Фундаментални вредности“, додека во јануари ќе започнат билатералните состаноци за Кластер 2 – „Внатрешен пазар“.

На средбата беа разгледани обврските од билатералниот скрининг за кластер 1 „Фундаментални вредности“, односно поглавјата: Јавни набавки, Статистика, Правда, слобода и безбедност, Судство и основни права, Финансиска контрола, како и областите кои се дел од овој кластер и тоа: Реформа во јавната администрација и економските критериуми. Исто така на дневен ред на Работниот комитет за европски интеграции беше и статусот на реализација на програмата – Инструментот за претпристапна помош. (ИПА).

Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) е работно тело на Владата на Република Северна Македонија за координација и имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, како и координација на активностите поврзани со кон пристапниот процес на земјата во ЕУ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...