МОН: Конкурс за доделување на наградата „Гоце Делчев“ во 2023 година

МинистерстваМОН: Конкурс за доделување на наградата „Гоце Делчев“ во 2023 година

Најчитано

Врз основа на Законoт за државните награди („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2006, 54/07 и 74/12), Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/09, 25/11, 9/15 и 1/16) и Записникот од втората седница на Одборот одржана на 19.12.2022 година, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ распишува       

Конкурс

за доделување на наградата „Гоце Делчев“ во 2023 година

 

Со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за РС Македонија во областа на науката.

Наградата во 2023 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2022 година.

Наградата „Гоце Делчев“ се доделува на 4 Мај – денот на смртта на Гоце Делчев.

Наградата, под услови определени со Законoт за државните награди („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2006, 54/07 и 74/12) и со овој конкурс се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги.

Поединец или група автори може да биде добитник на награда во истата област само еднаш.

Член од група автори може како поединец да биде добитник на наградата за друга книга или дело  во истата област.

Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде образложен и да содржи: лични податоци за авторот, односно авторите, адреса на живеење, контакт информации, библиографски податоци и кратко образложение за значењето на остварувањето кое се предлага за наградата. Предлозите за научна книга или дело објавени на други јазици треба да содржат кратко резиме на македонски или албански јазик до 3 страни и содржина на македонски или албански јазик.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде приложен во 3 примероци. Кон предлогот треба да бидат приложени најмалку 3 оригинални примероци од научната книга односно дело, и примерок во електронска форма доставен по е-пошта.

Предлозите за доделување на наградата треба бидат поднесени од 30.12.2022  до 15.02.2023 година на адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев“

ул. „Св. Kирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје

е-адреса: olga.dukovska@mon.gov.mk

                                     

Некомплетните предлози и предлозите кои не се доставени во определениот рок нема да бидат разгледувани.

 

ОДБОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе