spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези...

МЗ: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива од починат донор

 

Новата година ја почнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

Рано утрово на Хируршките клиники  започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.

Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

– Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира министерот Сали.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

 

 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...