HomeМинистерстваМЖСПП: Извештај за вонредни инспекциски надзори во Цементара Усје

МЖСПП: Извештај за вонредни инспекциски надзори во Цементара Усје

spot_img
spot_img

Поради надминување на прагот за алармирање во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Инспекторатот за животна средина од Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор над Цеметара Усје на ден 30.12.2022 година, при што се побарани извештаи за мерења од двата испусти од печките 3 и 4 за 28-29.12.2022 година.

Истотака, вонреден инспекциски надзор е извршен и на 03.01.2023 и 04.01.2023 од страна на Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Инспекторатот за животна средина на Град Скопје и акредитирана лабораторија, која изврши мерење на емисија на гасови и прашина од оџаците на двете печки за клинкер. На 04.01.2023г. извршени се мерења на емисија на гасови од оџакот на парниот котел со моќност од 4,2 МW кој користи мазут како гориво.

По добивањето на резултатите од мерењето на акредитираната лабораторија, на 11.01.2023г., се констататира дека измерените параметри од двете печки за NOx, SO2 и прашина се во рамките на максимално дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола.Емисиите од котларата за парно греење која користи мазут,покажува надминување за NOx и изнесува 711,9 mg/Nm3.

Во продолжение се прикачени официјалните документи од извршениот увид:

Извештај од вонредни надзори УСЈЕ

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија