МНР: Османи – Мора да запре агресијата врз украинскиот народ

МинистерстваМНР: Османи - Мора да запре агресијата врз украинскиот народ

Најчитано

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија. Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови како би ги избегнале разорувачките последици од руската воена агресија.

 

Сите ние кои даваме поддршка на Украина сме на вистинската страна на историјата, на вистинската страна на хуманоста, на почитувањето на правото на живот, истакна Османи.

Теренската посета се одвиваше меѓу рушевини, уништени стамбени згради и институции.  „Во вооружените дејствија од страна на Русија, разрушени се училишта, болници, и друга државна инфраструктура која, за жал и понатаму се оштетува или уништува„ – посочи Османи.

Воедно, Претседавачот на ОБСЕ го осуди нападот на станбена зграда во Днепар, каде пред два дена загинаа повеќе од 40 лица, и над 70 ранети.  „Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивлни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна“ – оцени Османи.

Неиспровоцирана агресија е кршење на меѓународното право, потенцијална закана за регионот, но и извор на страв и несигурност за цел свет. Османи истакна дека Организацијата ќе ги искористи сите механизми и алатки да помогне во напорите да се стави крај на како што рече оваа страдање и уништување.

„Пустошот предизвикан од воената агресија врз Украина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“ истакна претседавачот на ОБСЕ.

Османи, воедно, упати порака дека Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина. Тој, исто така, порача дека комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа, какви ќе бидат кон принципите и заложбите на Организацијата, за што Османи нема да дозволи никакви компромиси.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе