spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба со проректорите на Меѓународниот балкански универзитет

МИОА: Работна средба со проректорите на Меѓународниот балкански универзитет

Можноста за остварување на плодна меѓусебна соработка беше во фокусот на средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и проректорите на Меѓународниот балкански универзитет(IBU), г. Мевлудин Ибиши и г. Сердар Сердарорлу.

На средбата која се одвиваше во конструктивен дух, се разговараше за актуелните предизвици, идните можни планови и активности, при што министерот Алити истакна дека МИОА е подготвено да го поддржи секој универзитет во реализацијата на неговите цели.

 

,,Секоја институција која придонесува за едукација на новите генерации и создавање кадри за различни професии е тесно поврзана со нашите стратешки цели, па затоа е важно да бидеме што е можно покооперативни на овој план“, истакна министерот.

Соговорниците се договорија средбите да продолжат и во иднина со цел преземање конкретни чекори.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте