Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити го пречека на работна средба амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, неговата екселенција, г-дин Дејвид Гир.
На средбата се разговараше за реформите во јавната администрација, процесот на усогласување на законите поврзани со јавната администрација со законите на Европската унија, како и за слободата на медиумите, процесот на дигитализација и потребата од спроведување на овој процес во сите јавни институции.
Министерот Алити му се заблагодари на евроамбасадорот Гир за досегашната поддршка, со надеж дека соработката на Северна Македонија со Европската Унија ќе се продлабочи уште повеќе, овозможувајќи ни да се приклучиме на големото европско семејство.
Двајцата соговорници се согласија дека средбите ќе продолжат и во иднина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација