spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Онлајн средба на ЗМНР Фатмире Исаки со Алиа Ел Јасир, Регионален...

МНР: Онлајн средба на ЗМНР Фатмире Исаки со Алиа Ел Јасир, Регионален директор на ОН Жени

Заменик министерот за надворешни работи, г-ѓа Фатмире Исаки, имаше онлајн состанок со г-ѓа Алиа Ел Јасир, Регионален директор на ОН Жени.

На средбата беа разменети мислења околу конкретизирање на соработката со ОН Жени, со фокус на промоција на прашањата поврзани со унапредување на родовата еднаквост, елиминација на насилството врз жени и девојчиња, како и зголемено учество на жени во сите сегменти на општетсвото.

Во контекст на нашата улога како ОБСЕ претседавачи, мотото на претседавњето на Северна Македноја со ОБСЕ2023, цели токму на пристап ориентиран кон луѓето, вклучително и младите и жените”, истакна Исаки.

Осврнувајќи се на приоритетите  во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ, ЗМНР Исаки ја истакна важноста на агендата за жени, мир и безбедност, во контекст на нашето претседавње со ОБСЕ со напомена дека Украина секако останува во фокусот, но почитување на човековите права, основните слободи и владеење на правото, се клучни алатки за унапредување на прашањето на родовата еднаквост. ,,Сите активности што се преземаат мора да бидат во согласност со меѓународните инструменти за човекови права со цел да се спречи злоупотреба и прекршување на човековите права, особенo во однос на ранливите категории во кој спаѓаат и жените”,  подвлече Исаки.

Зборувајќи за  досегашната соработка со ОН Жени и активностите во делот на унапредување на жените, Исаки нагласи дека „Република Северна Македонија ќе продолжи тесно да соработува со ОН Жени и останатите партнери, вклучувајќи го и граѓанското општество, особено во делот на конкретните активности предвидени за третата продолжена Конференција посветена на жените во надворешната политика во 2023 година во организација на ЗМНР“. 

    

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи     

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...