spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на работна средба со градоначалничката Арсовска

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на работна средба со градоначалничката Арсовска

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, оствари работна средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На средбата, иницирана од заменик министерката Оџаклиеска  се разговараше за координација на активностите за подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и преземање на конкретни и системски мерки за справување со аерозагадувањето во главниот град, со кои ќе се обезбеди повисок квалитет на живот за граѓаните.

На состанокот, Оџаклиеска изрази подготвеност за поддршка  на активностите на градот Скопје и на скопските општини при спроведување на надлежностите согласно Законот за амбиентален воздух како и при конкретизирање и имплементација на квалитетно и применливо планирање, дефинирање и спроведување на одржливи мерки.

Според заменик министерката Оџаклиеска, само со добра координација и соработка помеѓу локалните и државните институции може да се спроведат мерки кои ќе превенираат и ќе спречат концентрациите на одредени загадувачки честички и супстанции да ги надминуваат граничните вредности пропишани во националната законска регулатива. Таа истакна и дека координацијата и соработката помеѓу централната и локалната власт особено треба да се засили со примената на Законот за инспекциски надзор во животната средина кој стапи на сила минатата година.

Градоначалничката Арсовска се согласи дека заедничко делување во оваа област е неопходно и информираше дека градот Скопје врши анализа и мапирање на сите индустриски капацитети кои работат на територијата на градот и дека продолжува со засилениот инспекциски надзор во рамки на своите надлежности.

Заедничката соработка помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна при справување со загадувањето на воздухот, во интерес на сите граѓани во нашата држава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...