spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Работна средба со градоначалникот на Битола, Коњановски

МЖСПП: Работна средба со градоначалникот на Битола, Коњановски

Со цел подготвување на мерки на локално ниво кои ќе помогнат за подобрување на квалитетот на воздухот, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

На средбата, заменик министерката Оџаклиеска истакна дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање континуирано ја следи состојбата и дава стручна поддршка, при дефинирање и имплементација на квалитетни, применливи и одржливи мерки согласно Законот за амбиентален воздух и Законот за инспекциски надзор, при што неизоставна е и засилена контрола над индустриските капацитети во општина Битола, која периодично се соочува со високо загадување на возухот.Sredba so gradonacalnik Bitola_1

Од состанокот произлезе заклучок дека неопходно е спроведување на законската регулатива и превземање на мерки во сите сфери на општествено делување при справувањето со загадувањето на воздухот и намалување на последиците врз здравјето на граѓаните и животната средина.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија