Ковачевски: Со инвестирањето во науката, вложуваме во иднината

ВладаКовачевски: Со инвестирањето во науката, вложуваме во иднината

Најчитано

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде беше во обиколка на лабораториите на универзитетот, како и реконструираниот амфитеатар во рамките на објектот.

Премиерот Ковачевски ја посети и Спомен собата на Гоце Делчев во Ректоратот на Универзитетот.

Една од лабораториите наречена АМБИКОН, која функционира две децении, преку проект поддржан од Министерството за образование и наука се модернизира со нова напредна опрема за земање на примероци од аеросоли во амбиентен воздух и издувни гасови, како и нивна детална анализа со нова генерација на електронски микроскоп со ултра висока резолуција.

„Инвестирањето во лабораторијата АМБИКОН не е само вложување во опрема. Многу пати досега сум зборувал на темата образование и секогаш кога зборувам на оваа тема, тоа е со голема доза на ентузијазам бидејќи верувам дека вложувањето во образованието е и вложување во иднината. Со други зборови, би сакал да нагласам дека преку инвестициите како што е оваа, инвестираме во нашите сегашни и идни генерации, инвестираме во науката, во образованието или да сублимирам-инвестираме во иднината на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, при посетата на лабораторијата АМБИКОН.

Набројувајќи ја поддршката од буџетот во образованието и науката, премиерот нагласи дека најголем дел од средствата во буџетот за 2023 година се предвидени за национални научно истражувачки проекти.

Исто така, премиерот додаде дека како дел од активностите кои ќе се покријат со буџетски средства во делот за науката за годинава планирани се поддршка на научни трудови, организирање научни собири, учество на домашни истражувачи на меѓународни научни собири во странство, студиски престои во странство и престој на странски научни истражувачи во Република Северна Македонија, како и надоместок за средства за објавени научни трудови во списание со импакт фактор.

Од значајните достигнувања на Владата, премиерот Ковачевски ги потенцира и стипендиите за третиот циклус на студии во научните области од природните науки, математиката и техничко-технолошките науки, што за прв пат се воведени пред една година.

При посетата, премиерот Ковачевски беше запознаен со можностите на најновата генерација на електронскиот микроскоп со кој се модернизираше лабораторијата АМБИКОН, кој е единствен од овој вид на Балканот.

Во рамките на проектот Истражувачка група за напредната анализа на аеросоли од проектната линија 3: Поддршка за модернизација и развој на лабораториски ресурси (набавка на опрема), обезбеден е и систем за земање примероци и сортирање на аеросолни честички, потоа автоматски систем за семплирање на суспендирани честички во издувни гасови, како и ултра микро вага со резолуција од 0.1 микрограм и целосно автоматско мерење и логирање на податоци. Вкупна вредност на проектот е 24 милиони денари, од кои поголем дел се обезбедени од Министерството за образование и наука, а помал дел се сопствени средства на лабораторијата АМБИКОН и донации.

Со набавката на новата опрема се овозможи значително зголемување на научно истражувачкиот потенцијал, како и на опсегот на акредитирани аналитички услуги на лабораторијата.

Зголемувањето на истражувачкиот капацитет во ова поле е од особена важност, бидејќи загадувањето на воздухот, посебно со суспендирани честички – аеросоли, останува еден од најзначајните ризици за здравјето на луѓето, но и важен фактор во се поинтензивните процеси на климатските промени.

Со воведувањето на оваа софистицирана опрема, се овозможува брза и детална физичко-хемиска карактеризација релевантна за нивната токсичност како и за идентификацијата на изворите на загадување на воздухот.

„Да се овозможат напредни истражувања во изострено кризни услови во кои живееме и работиме последниве неколку години, е предизвик, но и факт, со кој се гордееме како Влада, како Министерство, а верувам и вие како научни работници.
Конкретно, на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев инвестираме во еден од најголемите проекти, во вкупна вредност од 24 милиони денари, од што 16 милиони денари се финансираат од буџетот на МОН и 8.000.000 денари се сопствени средства на Универзитетот“, рече министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Тој се осврна на поддршката која преку буџетските средства се обезбедува за проектите од областа на науката и за набавка на опрема, при што најави и дека во фаза на подготовка e нов Закон за научно-истражувачка дејност.

“Универзитетот Гоце Делчев, како најдинамичен државен универзитет во земјата, е насочен кон постојано унапредување на работењето во поглед на сите аспекти на високото образование, и токму ваквата поддршка на инвестиции во софистицирана научно истражувачка опрема е од суштинско значење  за реализација на нашата визија на современ, отворен и развојно ориентиран универзитет.

Тие инвестиции не се само за потесните потреби на Универзитетот. Напротив, ние во УГД го развиваме пристапот на отворена соработка со сите заинтересирани страни – младите, нашите студенти, вработените, заедницата во која припаѓаме, како и државните институции, со кои заедно работиме на унапредување на условите за квалитетно студирање и работење.

Современи услови во кои младите би имале реална можност да ги надградуваат своите таленти и да станат вистински градители на едно просперитетно општеството“, изјави Дејан Мираковски, ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Ректорот истакна дека денешната посета на премиерот Ковачевски и министерот Шаќири претставува значајна поддршка во насока на одржување на непречена соработка, можност за дискусија за потребите на високото образование и неопходните инвестиции за развој.

По посетата на Кампусот 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, го посети Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во штипско Ново Село.

Тука, премиерот ги разгледуваше експонатите во Спомен собата на Гоце Делчев.

Премиерот Ковачевски, воедно, се сретна и со деканите и со наставен кадар од Универзитетот, при што се разговараше за тековните и идните активности на универзитетот.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе