spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Билатерален скрининг со Европската Унија за Поглавјето 3, „Право на основање...

ДКСК: Билатерален скрининг со Европската Унија за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на состаноците во рамките на  билатералниот скрининг со Евопската Унија за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“,  на 23-24.01.2023 година во Брисел, Белгија.

Во рамките на  состаноците  ќе бидат презентирани теми поврзани со борбата против корупцијата во вршењето на услугите и информативниот систем на внатрешниот пазар  а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истите ќе ги одредат државни политики на Република Северна Македонија како и следните реформски чекори во пристапниот процес.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...