spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДКСК: Демант

Државната комисија за спречување на корупцијата, јавно ги демантира изнесените наводи од Министерот за надворешни работи на РСМ, објавени преку порталот https://alsat.mk/mk/osmani-tvrdi-deka-antikoruptsionerite-greshno-go-obvinile/ на ден 20.01.2023 година.

Државната комисија за спречување на корупцијата, своите наводи ги темели на издадениот Конечен Извештај од извршената ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во Министерството за надворешни работи од 01.08 до 31.10.2021 година  (во изборен процес), со број 58-13627/22-1 од 29.04.2022 година, доставен до ДКСК на ден 03.05.2022 година.

Во Извршното резиме до Министерот, наведени се состојби кои укажуваат дека:

  • Нема определено надлежно лице за водење евиденција на возилата и опремата и нивно сервисирање, регистрирање и осигурување;
  • Не се води евиденција кое лице управува со кое службено возило, ниту се прават патни налози со внесување податоци за поминати километри;
  • Одредени корисници на службени возила немаат обезбедено и доставени уредни и веродостојни сметководствени документи до сектор за финансиски прашања;
  • Не е воспоставен систем за контрола на користењето и потрошувачката на гориво на службените возила.

Ова е во спротивност на тврдењето на Министерот дека нема таков извештај од „некој“ внатрешен ревизор и  дека ДКСК погрешно ги интерпретира наводите. Имајќи ги во предвид наводите од Извештајот, Државната комисија ја донесе предметната Одлука број 12-.436/1 23.01.2023.

 

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...