spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски учесник на првиот Управен комитет на ЕУ проектот за развој...

АХВ: Бабовски учесник на првиот Управен комитет на ЕУ проектот за развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, со тим од стручни лица од институцијата  во Будва, Република Црна Гора,  учествува на првиот Управен комитет на регионалниот проект “Capacity building of veterinary and plant health services in the Western Balkans – Lot 1 – Animal Health” – ADEWB II, кој е финансиран од Европската Комисија.

Состанокот на Управниот комитет на проектот е дел од Третиот форум на директорите на ветеринарните служби од регионот на Западен Балкан и на него покрај претставниците на регионалните ветеринарни служби, присутни се претставници од Европската Комисија, високи претставници од Директоратите за здравствена заштита на животните и за здравје и безбедност на храна од  Европската унија DG SANTE, претставници на делегациите на ЕУ во земјите од регионот и  претседателот на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), Будимир Плавшиќ.

Македонија беше домакин на Вториот форум, кој се одржа во Охрид минатата година, кога директорот Бабовски го презема претседателството во период од 6 месеци, а кое траеше до денес. Новото претседателство директорот Бабовски денес ќе му го предаде на Владимир Џаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни прашања на Република Црна Гора.

На денешниот состанок на Управниот комитет се дискутира за активностите на проектот кој почна да се реализира на 19.07.2022 година, кој е со времетраење од 36 месеци и чија цел е обезбедување на взаемна соработка и размена на податоци во приоритетни области за регионот. Од областа на здравствена заштита на животните и на други теми на кои е таргетиран проектот, учесниците ќе имаат повеќе презентации, дел и за статусот на одредени болести во земјите од регионот.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте