АФПЗРР: Соопштение

Најчитано

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, заменик директорот Ремзи Абдулахи  заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски завчера ги доделија решенијата за мерка 124 – инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

По повикот објавен во 2022 година одобрени се вкупно 34 проекти поднесени од локалните самоуправи  со вкупна вредност од 33.000.000,00 денари. Доделената финансиска поддршка како и бројот на одобрени општини е значително поголем од последниот повик за пристап до земјоделско земјиште кога беа одобрени 20 проекти за кои беа издвоени 16.300.000,00 денари.

„Ме радува податокот што денес се доделени договори кои се со скоро дуплирана бројност и вредност на финансиската поддршка. Многу важен сегмент при одобрувањето на проектите беше да се запази принципот на рамномерен регионален развој, па така може да се забележи дека се поддржани проекти на општини од буквално сите плански региони  заклучи Бачовски.

При тоа првиот човек на Агенција за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој , Никица Бачовски нагласи дека Агенцијата ќе продолжи да биде партнер за сите инвестиции кои значат подобрување на условите за работа на македонските земјоделци преку инвестиции во модернизирање на механизацијата, опремување на фармите како и преку инвестиции во подобрување на инфраструктурата кај земјоделските површини.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе