HomeМинистерстваМНР: Чешка е наш сојузник во намерите како ОБСЕ претседавач за зачувување...

МНР: Чешка е наш сојузник во намерите како ОБСЕ претседавач за зачувување на мирот и стабилноста

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот на Чешка во Скопје, г. Јарослав Лудва.

Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Чешка, министерот Османи нагласи дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка секторска соработка.

Соговорниците се согласија дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја во однос на политиката на проширувањето на ЕУ.

На средбата се разговараше и за актуелното претседателство на нашата земја со ОБСЕ и безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија