spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Инфо денови за Клучна акција 1

НАЕОП: Инфо денови за Клучна акција 1

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ве известува дека ќе организираме инфо денови за Клучната акција 1 (Еразмус+).

Инфо деновите ќе се одржат од 30.01.2023 до 03.02.2023 година во хибриден формат, со онлајн и физичко присуство.

*Физичкото присуство е со ограничен капацитет до 20 луѓе, наменет за нови апликанти.

За време на инфо деновите, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за програмата Еразмус+ (Клучна акција 1) и конкретно сите информации за можностите за нивната образовна институција.

Ги повикуваме потенцијалните апликанти, сите кои сакаат да бидат дел од Еразмус+ да се приклучат во инфо деновите. Ова е одлична можност да се поврзете со останати организации и институции, како и да стекнете вредни сознанија за програмата Еразмус+.

Пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/cpyvC78WhbmnToqY7


Краен рок за аплицирање е до сабота (28.01.2023)
За подетални информации ќе ве контактираме по е-пошта.

 

 

 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...