HomeМинистерстваМТВ: Доставени три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

МТВ: Доставени три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

spot_img
spot_img

Ве информираме дека денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На јавниот повик кој што траеше од 20 декември 2022 година до 26 јануари 2023 година документација доставија три авиокомпании и тоа Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија