,,Поминаа 78 години откако овој медиум ги информира граѓаните на Република Северна Македонија за сите значајни културни, економски, политички и спортски настани”, истакна министерот Алити.
Министерот нагласи дека за сите овие години од Радио Скопје произлегоа голем број професионални новинари кои маестрално ја извршуваа и извршуваат својата должност и додаде дека Радио Скопје на некој начин служи и како новинарска школа за идните генерации.
Тој им честиташе за долгогодишната работа и ја потенцираше важноста на ова радио во обезбедувањето правично и точно информирање на граѓаните.
,,Нагласувам дека наша задача како МИОА и сите фактори кои мора да бидат вклучени е да овозможиме 24-часовен радио пренос, истакна Алити.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација