Најстариот жител во општина Илинден е дедо Наце Петрушевски од населеното место Бучинци.
Дедо Наце наполни 101 година , а по тој повод го посети градоначалникот Александар Георгиевски кој со подароци и искрени желби му го честиташе роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.
Задоволство беше да слушнеме како дедо Наце раскажува за неговиот животен пат кој несебично сподели многи совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост.
За дедо Наце интересно е да се каже дека има 4 деца, 9 внуци, 16 правнуци и едно чукунвнуче.