spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Ќучук

МНР: Средба Османи – Ќучук

Во рамките на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Соговорниците разменија мислења за тековниот пристапен процес на Северна Македонија во ЕУ и потребата за забрзана евро-интеграција за сите држави од Западен Балкан во дадениот геополитички контекст. Европскиот пат позитивно ќе влијае врз демократската и економска консолидација на земјите од регионот.

На средбата се разговараше за последните актуелности во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, поврзани со физичкиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Врз севкупната атмосфера во овој период секако не придонесуваат провокативните и навредливи изјави на член на европскиот парламент, нагласи Османи, за што веќе се упатени соодветни официјални реакции.

„Го информирав европратеникот Ќучук за напорите за деескалација на заострената реторика во односите меѓу нашите две држави, и потребата од враќање на позитивната динамика во нашите односи“, изјави Османи. Нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија треба да бидат посветени на интензивирање на политичкиот дијалог, со цел враќање на довербата.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...