spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: „ЕУ интеграции и реформски процеси“, во рамки на годишната конференција ,,Година...

МИОА: „ЕУ интеграции и реформски процеси“, во рамки на годишната конференција ,,Година на нови можности“

Заменикот министер Александар Бајдевски истакна дека МИОА континуирано работи на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

Меѓу другото ги посочи активностите за изработка на Новата Стратегија за РЈА(2023-2030), при што земени се предвид наодите и препораките согласно меѓународните документи и експертска поддршка на Респа и Сигма. Се осврна и на важноста на новите Закон за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои се во финална фаза, како и на драфт верзијата на Законот за системот за плати во јавниот сектор, за кој исто така ќе се организираат јавни расправи со сите засегнати страни. Го наведе и продолжувањето на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, кој се реализира во рамките на ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација”.

,,Наша цел е деполитизирана администрација која ќе биде транспарентна и отчетна, каде ќе владее европскиот систем на вредности, со мерит систем и голема професионалност“, рече Бајдевски.

Во однос на дигитализацијата, изработена е нацрт Националната ИКТ Стратегија 2023-2027 и веќе е објавена на ЕНЕР, а обезбедено  е и учество во програмата Дигитална Европа,  финансирана од ЕУ, за доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација и забрзување на економското закрепнување. Системот за Централен регистар на население е проширен со функционалности кои овозможуваат брза интеграција со системот на Државната изборна комисија.

,,Ова е првиот ИСО 27001 сертифициран систем во министерството. Важноста на системот ја препознаа и меѓународните организации СИГМА и РеСПА кои минатата година доделија Специјална награда-признание за Овозможувач за дигитална трансформација и зголемена пристапност до податоците. Системот успешно работи 3 години а до сега се споделени податоци за околу 14.300.000 граѓани“, истакна Бајдевски.

 

Во однос на Националниот портал за е-услуги, рече дека активно се користи од граѓаните и бизнисите, а бројот на дигитални услуги е зголемен и достигна 227.

,,За 88 e-услуги  може да се аплицира директно преку Националниот портал Uslugi.gov.mk, а за 139 е-услуги може да се аплицира на надворешни информациски системи на институциите. За прв пат е обезбедено комплетното конкурирање за програмите на Министерството за култура, да оди преку онлајн процес. Во 2022 г. развиени се вкупно 42 е-услуги, од кои 22 е-услуги на МВР и 20 е-услуги на Министерство за култура.

За Платформата за интероперабилност, можност за размена на податоци и информации имаат 52 институции вклучително и приватни компании. Во рамки на проектот ИПА 2017: Подобрување на еВлада развиен е софтвер за дигитализација на регистри, кој ќе помогне во забрзување на процесот на дигитализација на регистрите од институциите. Паралелно, се работи на развој на 135 нови електронски услуги“, рече Бајдевски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...