HomeМинистерстваМП: Тупанчески - АКМИС и кејс менаџмент системот се двете алатки кои...

МП: Тупанчески – АКМИС и кејс менаџмент системот се двете алатки кои ќе помогнат во детектирање на лошите состојби во правосудниот систем.

spot_img
spot_img

Министерот за правда Никола Тупанчески говорејќи за распределбата на предметите во судовите и јавните обвинителства посочи дека од 1 јануари 2023 година задолжително се применува системот за управување со предмети во обвинителствата.

„Праксата за доделување на судски предмети, како што беше во минатото, на рака,повеќе не постои. Во судовите, предметите се распределуваат и прераспределуваат преку АКМИС системот. Тоа е законска обврска, а начинот на распределба се уредува со судскиот деловник”, рече Тупанчески во своето обраќање на панел 1 во рамките на годишната конференција ,,Година на нови можности”.

АКМИС системот и Case management system-от се всушност двете алатки кои ќе помогнат во детектирање на лошите состојби и истовремено подобрување на ефикасноста на судството и јавното обвинителство. Од 2020 година постои посебен Закон за управување со движење на предметите во судовите.

,, Со АКМИС системот и со Case management system-от практично и со оваа законодавна алатка ќе придонесеме точно да се знае во која фаза од постапката кој предмет се наоѓа. Ако се земат предвид последните случувања во нашата држава, многу е важен фактот предметот да се следи од иницијалната фаза во која насока се наоѓа и движи и која е причината за сторнирање односно одолговлекување на судските спорови.

Овие два системи заедно со законското решение ќе овозможат подобрување на ефикасноста и ефективноста на правосудниот систем”, порача Тупанчески.

 

 

Извор: Министерство за правда 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија