На средбата се разговараше за актуелните случувања во државата, текот на евроинтегративните процеси и реформите во правосудниот систем.
Амбасадорот Вал беше запознат со активностите кои во изминатиот период ги презеде Министерството за правда, законодавната агенда како и идните планови кои ќе треба да се реалзираат со цел да се овозможи владеење на правото.
.jpeg)
Се дискутираше и за процесот на дигитализација во судството како и идејата за носење на нов Изборен законик.
Министерот за правда Никола Тупанчески му посака на амбасадорот Килијан Вал успешно извршување на функцијата и продлабочување на меѓусебната соработка.
Извор: Министерство за правда